Медиум: Путин и Трамп 40 минути дискутираа за „мешањето на Русија“ во САД

Лидерите на Русија и на САД разговарале повеќе од 40 минути за „руската вмешаност“ во американските избори, пишува „Њујорк Тајмс“.

Претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин за време на билатералната средба во Хамбург 40 минути дискутираа за тнр. вмешаност на Москва во американските избори, пишува весникот „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на службеник на Белата куќа кој бил информиран од американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Според него, „одвреме-навреме ситуацијата стануваше напната, а господин Путин гласно бараше докази од претседателот, кој самиот во повеќе наврати ги доведуваше во прашање извештаите на американското разузнавање за тоа дека Русија се обидувала да ги разниша изборите во корист на Трамп“.

Според информациите на Тилерсон, по дискусијата Трамп предложил да се премине на други прашања, конкретно, за Сирија.

Лидерите го одржаа првиот состанок во петок на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург. Средбата требаше да трае половина час, но траеше повеќе од два. Како што раскажа американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, во одреден момент морале дури да ја повикаат на сопругата на американскиот претседател. Првата дама беше замолена да ѕирне кај политичарите и да се обиде и да го „прибере“ својот сопруг. Но, не успеа.

По разговорите, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за што дискутирале Путин и Трамп.

„Трамп рече дека ги слушнал јасните изјавите на претседателот Путин за тоа дека... руското раководство не се мешало (во американски избори), и тој ги прифаќа тие изјави“, истакна дипломатот.

Во саботата, Путин и самиот рече дека американскиот лидер „ги примил на знаење и се согласил“ со неговите изјави дека Русија не се мешала во изборите. Трамп засега не го коментираше разговорот со својот руски колега, ограничувајќи се само на фразата дека таа била „грандиозна“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња