Русија на второ место по продажба на оружје

Уделот на Русија во светскиот извоз на оружје последниве пет години изнесува околу 17%, соопшти „Рособоронекспорт“.

Според генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев, Русија го држи второто место во светот (по САД) по продажба на оружје.

„Последниве пет години извозот преку компанијата „Рособоронекспорт“ изнесуваше 15% од светскиот извоз на производството за воена намена, а вкупниот удел на Русија – околу 17%“, изјави Михеев, пренесува „Взгљад“.

Како што изјави првиот човек на „Рособоронекспорт“, во 2017 година компанијата го зголемила портфолиото на нарачки на 45 милијарди долари.

Претходно Михеев соопшти за договори за продажба на Индија на системи С-400 и за планираните договори со Египет за хеликоптери и системи за „Мистралите“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња