Медиум: Русија планира да го остави НАТО без свој постојан претставник

МНР на РФ разгледува варијанта Русија да нема постојан претставник во НАТО.

Русија може да го намали нивото на претставништвото во НАТО на привремен повереник, соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извори во руското МНР.

Изданието потенцира дека таквото сценарио е можно кога сегашниот постојан претставник на Русија во Алијансата Александар Грушко ќе замине од функцијата. Соговорниците на „Известија“ истакнуваат дека таквото решение на Москва е поврзано со немањето желба кај НАТО за воспоставување конструктивен дијалог, а сите дискусии прераснуваат во обвинувања против руската страна.

„Се разгледува варијанта да се остави во Брисел привремен повереник за работите откако Александар Грушко ќе се врати во Москва“, изјави извор за „Известија“.

Советот Русија-НАТО на ниво на амбасадори ќе се одржи на 13 јули, меѓутоа Русија се сомнева дека таа средба ќе биде плодотворна. Сомневањата се должат на фактот што Алијансата „не сака да ја слуша и чуе“ руската позиција и се стреми да ја направи Москва виновник за украинската криза.

„Апсурдно е во таква ситуација да се надевате на конструктивност, кога спротивната страна само тоа го прави, сообвинува“, изјави за изданието висок претставник на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во исто време, како што изјави за „Известија“ првиот заменик-претседател на комитетот на Советот на Федерацијата Комитетот за меѓународни работи Владимир Џабаров, можните мерки ќе бидат оправдани доколку Алијансата ја продолжи својата политика на одбивање на соработката со Русија. Сепак, тој повика да не се исклучува можноста за промени во позицијата на НАТО, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња