Трамп: Време е за конструктивна работа со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во текот на средбата со рускиот лидер Владимир Путин двапати го „притиснал“ во врска со прашањето за „вмешаноста“ на Русија во американските избори.

„Двапати силно го притиснав претседателот Путин по повод руското мешање во нашите избори. Тој категорично го негираше тоа. Јас веќе го изразив моето мислење“, напиша Трамп на „Твитер“.

Според него, тие се договориле за прекин на огнот во сириските провинции кој ќе спаси мноштво животи.

„Сега дојде време да се движиме напред во конструктивната работа со Русија“, потенцира американскиот лидер, пренесува RT.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња