Путин: Руската економија излезе од рецесија

Претседателот на Русија Владимир Путин по самитот на Г-20 изјави дека ситуацијата во економијата на Русија влева оптимизам, сепак властите треба да сторат сѐ што можат за да ја одржат таа тенденција.

Путин истакна дека руската економија дефинитивно излегла од рецесија. „Ние растеме, набрзо ќе биде четвртиот квартал по ред“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.

Според него, веќе речиси и да не се гледаат неповолни тенденции во однос на растот на економијата на земјата, поврзани со санкциите и ограничувањата.

„Мислам дека за 2017 година ќе имаме два проценти раст. Притоа кај нас невработеноста е на ниско ниво, растат резервите на Централната банка и владата, за 40% се зголемија буџетските приходи и сето тоа при доволно ниска инфлација - 4,4%. Сето тоа заедно, несомнено, не може да не влева оптимизам“, изјави Путин.

Истовремено тој истакна дека таа тенденција треба да се одржува и изрази увереност дека ќе може да се направи тоа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња