ПС на ОБСЕ ја усвои резолуцијата со повик до Русија да се откаже од Крим

Парламентарното собрание на ОБСЕ ја усвои декларацијата по завршувањето на годишната сесија во Минск, во која влегоа неколку антируски резолуции, вклучително и на резолуција која ја повикува Москва да се откаже од Крим.

Во донесената декларација се содржи резолуцијата на украинската делегација под наслов „Обнова на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. Документот ја повикува Русија да ја поништи одлуката за присоединување на Крим и „да ги повлече окупаторските сили“ од полуостровот, пренесува „Взгљад“.

За декларацијата гласаа 91 член на Парламентарното собрание на ОБСЕ, 15 беа против, тројца воздржани. Русија гласаше против.

Минатата година руската делегација го напушти заседанието на ПС на ОБСЕ поради необјективност и пристрасност на предлог-резолуцијата за Крим предложена од Украина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња