Парламентарното собрание на ОБСЕ ја повика Русија да го врати Крим

Парламентарното собрание (ПС) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја усвои предложената од Украина предлог-резолуција во која се содржи повик до Русија да ја укине одлуката за присоединување на Крим.

Претходно предлог-резолуцијата беше одобрена од Заедничкиот комитет на ПС на ОБСЕ за политички прашања и безбедност.

Руската делегација гласаше против предлог-резолуцијата. Шефот на руската делегација, заменик-претседателот на Државната Дума Петар Толстој изјави дека  Русија ќе претстави своја резолуција за кршење на меѓународните норми од страна на украинските власти. „Русија може да презентира 136 точки за факти на повреда на основните права на сите меѓународни норми од страна на сегашните власти на Украина кои дојдоа на власт како резултат на државен удар, поддржан,  патем, од голем број на европски држави“, изјави Толстој.

Сега за предлогот ќе гласа целото собрание, а потоа пратениците ќе гласаат за завршната декларација која ќе ги опфати сите прифатени резолуции од ПС.  Предлогот содржи повик до Русија да ја поништи својата одлука за признавање на личните документите на жителите на Донецката и Луганската област и за „враќање на локалните, државните и приватните стопански субјекти под украинска јурисдикција“. Покрај тоа, предлагачите на резолуцијата се залагаат Русија да се повика да ослободи голем број на украински граѓани кои „незаконски се држат во Руската Федерација“, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња