Руските специјални служби станаа поактивни во прибирањето разузнавачки податоци во САД по претседателските избори. Ова го соопштува Си-Ен-Ен повикувајќи се на поранешни и активни функционери во американското разузнавање.
Функционерите изјавија за телевизијата дека Русија се чувствува „инспирирано“ поради отсуството на „соодветен“ одговор од страна на администрациите како на поранешниот претседател Барак Обама, така и од сегашниот шеф на државата Доналд Трамп.
„Русите продолжуваат со агресивното прибирање на информации во САД и нивниот успех во мешањето во изборите не ги запре“, изјави еден од високите чиновници во разузнавањето, запознаен со работата на администрацијата на Трамп.
Телевизијата соопштува дека од ноемвриските избори бројот на претпоставуваните руски разузнавачи, според податоците на американските припадници на органите за спроведување на законот и претставници на разузнавачките служби, пораснал. Според изворите, во моментов има околу 150 руски разузнавачи во САД.
Покрај тоа, анонимни функционери изјавија дека Русија наводно го зголемува бројот на „шпиони“ откако САД во декември протераа 35 руски дипломати.
Претходно Трамп изјави дека верува во можноста за вмешаност на Русија во изборите во САД. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков укажа на тоа дека Трамп ја признал можноста дека Русија можела да влијае на изборите „исто како и можноста дека тоа можеле да бидат други земји“, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче