„Ројтерс“: Трамп е полошо подготвен од Путин за средби на највисоко ниво

Загрижува тоа што американскиот претседател Доналд Трамп е почетник во политиката, неговиот тим сѐ уште го разработува курсот во однос на Русија и ќе биде помалку подготвени од Владимир Путин, кој има работено со неколку претседатели на САД и со десетици други светски лидери, истакнува агенцијата „Ројтерс“.

Очите на светот се фокусирани на средбата на Путин и Трамп, кои првпат се среќаваат во рамките на Г-20, истакнува „Ројтерс“.

Трамп соопшти за својата намера да најде начини да работи со Путин, но на тоа му пречат противречностите меѓу двете земји за Сирија и Украина и наводите дека Москва се мешала во претседателските избори во 2016 година во САД. „Светот ќе ги анализира не само зборовите, искажани од двајцата лидери, туку и најмалата промена во изразот на лицето и секој гест за да сфати колку се разбрале милијардерот и поранешната ѕвезда на ток-шоу со поранешниот шпион“, истакнува агенцијата.

„Предизвикува загриженост тоа што републиканскиот претседател е почетник во политиката, неговиот тим сѐ уште ја разработува својата линија спрема Русија и ќе биде помалку подготвен од Владимир Путин, кој веќе работеше со двајца претседатели на САД и со десетици други светски лидери“, додава „Ројтерс“.

„Нема ништо повеќе што Кремљ би сакал да го види од претседателот на САД, кој се задоволил со ракување со насмевка и си заминал изјавувајќи дека имал неверојатна средба со „автократот“ од Кремљ“, изјави конгресменот од редовите на Демократската партија на САД, член на Комитетот за разузнавање, Адам Шиф.

Бидејќи истрагата за наводниот дослух помеѓу учесниците во претседателската кампања на Трамп и Русија продолжува, претседателот на САД мораше да спроведува жесток курс против Кремљ. Во четвртокот Трамп доби пофалби од републиканските „јастреби“ во Конгресот на САД по неговиот говор во Варшава, каде што тој ја повика Русија да ја запре „дестабилизирачката активност“ и да стави крај на поддршката на Сирија и Иран. „Ова е одличен почеток на една важна недела за американската надворешна политика“ изјави републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој претходно често го критикуваше Трамп. Сепак, истиот ден американскиот претседател уште еднаш категорично одби да изјави дали им верува на изјавите на официјални лица од разузнавањето на САД кои тврдат дека Русија се мешала во изборите во 2016 година, потенцира „Ројтерс“, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња