Медиум: американските дипломати се плашат дека Путин ќе го надмудри Трамп

Поранешната заменичка на помошникот на министерот за одбрана на САД за Русија и Украина Евелин Фаркас изјави дека Доналд Трамп е „склон на ласкање, а Путин многу добро ја разбира психологијата“ на американскиот колега.

Претседателот на Русија Владимир Путин на претстојната прва средба во Хамбург со Доналд Трамп ќе има предност поради тоа што поседува значително поголемо надворешнополитичко искуство од актуелниот лидер на САД. Со вакво мислење истапи во средата информативната агенција „Блумберг“, повикувајќи се на ветерани на американската дипломатија.

„Целосно сум загрижена поради тоа што САД можат да загубат“, го цитира агенцијата мислењето на поранешната заменичка на помошникот на министерот за одбрана на САД за Русија и Украина Евелин Фаркас. Трамп, според неа, е „склон на ласкање, а Путин многу добро ја разбира психологијата на нашиот претседател“.

Како што посочи поранешниот амбасадор на САД во Русија Вилијам Барнс, претседателот на Русија „ќе пристигне на средбата добро подготвен, и важно е американската страна исто така да биде добро подготвена“.

„Средбата меѓу двајцата лидери ќе покаже дека тие имаат фундаментално различни пристапи кон личната дипломатија“, истакнува агенцијата. „Путин е познат како искусен, мотивиран тактичар кој секогаш грижливо се подготвува за средбите и кого не е лесно да го одвлечеш од постигнување на поставените цели. Трамп е познат како деец кој ја запоставува подготовката за средбите и место тоа се надева на силата на волјата и способноста да се разбере соговорникот.

Според агенцијата, состанокот меѓу Путин и Трамп во рамките на самитот на Г-20 ќе ги постави темелите за американско-руските односи за следните четири години, затоа што на агендата фигурираат голем број најсложени глобални предизвици, како што се санкциите на САД против Русија, ситуацијата во Украина, на Корејскиот полуостров и во Сирија, односите со Иран и наводната вмешаност на Русија во американската предизборна кампања, пренесува ТАСС.

 



 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња