Путин раскажа за средбата со Трамп

Првата лична средба меѓу претседателите на Русија и САД на маргините на самитот на Г-20 првата траеше 2 часа и 15 минути.

Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека дискутирал со претседателот на САД Доналд Трамп за ситуацијата во Украина, во Сирија, борбата со тероризмот и сајбер-криминалот, како и за сајбер-безбедноста.

„Имав многу долг разговор со претседателот на САД. Се насобрале многу прашања – таму се и Украина, и Сирија, и други проблеми, некои билатерали прашања. Повторно се навративме на прашањата за борбата со тероризмот, сајбер-безбедноста“, изјави Путин на средбата со премиерот на Јапонија Шинзо Абе.

Путин му се извини на Абе поради тоа што јапонскиот премиер мораше да чека околу еден час на својата средба со рускиот лидер. „И јас, и од негово име (Трамп) ви се извинуваме“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Разговорот меѓу лидерите на Русија и САД траеше 2 часа и 15 минути. Тоа беше првата лична средба на претседателите.

На почетокот на преговорите, Путин и Трамп се изјаснија за развој на дијалогот. Разговорот меѓу лидерите помина без присуство на медиумите. На средбата учествуваа само шефовите на дипломатиите на Русија и на САД Сергеј Лавров и Рекс Тилерсон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња