Медиум: Путин го изненади Берлин, застанувајќи на страната на Меркел

Статијата на Владимир Путин во весникот „Ханделсблат“ е големо изненадување за Ангела Меркел, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Непосредно пред самитот на Г-20, Берлин доби „неочекувана порака“ од Москва, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Во статијата за германскиот весник „Ханделсблат“ претседателот на Русија Владимир Путин го изрази своето мислење за клучните теми на претстојниот состанок на лидерите на земји на Г-20 во Хамбург. Според американското издание, рускиот лидер со тоа „ѝ направи изненадување на канцеларијата на сојузниот канцелар во Берлин."

„Ние ги споделуваме приоритетите на германското претседателство и се подготвени да работат за нивно унапредување“, изјави Путин во статијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел „сигурно не очекуваше“ дека во пресрет на самитот на Г-20 „Кремљ ќе застане“ зад Берлин, со оглед на „дипломатското ледено доба“ во односите меѓу Русија и Германија поради западните санкции, констатира „Бизнис Инсајдер“.

Според Владимир Путин, само „отворени, врз основа на унифицирани норми и стандарди трговски односи го стимулираат растот на глобалната економија, со што придонесуваат за прогресивниот развој на меѓудржавните односи“. Како што смета американското издание, претседателот на Русија на тој начин „отворено истапи против политиката на шефот на Белата куќа Доналд Трамп“.

Откако Кина и Јапонија „демонстративно застанаа на страната на сојузниот канцелар, во наредните два дена Доналд Трамп, најверојатно, ќе биде во изолација“, заклучува „Бизнис Инсајдер“, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња