Путин објави во германски весник статија за Г-20

Германскиот весник „Ханделсблат“ во предвечерието на самитот на Г-20 објави статија на претседателот на Русија Владимир Путин.

Во статијата Путин истакнува дека „ефикасноста“ на Г-20 како алатка за глобално управување не се намалува дури и во услови на растечки геополитички ризици и недефинираности“. Путин  гледа во тоа заслуга на земјите-претседавачи (Русија претседаваше во 2013 година), како и почит спрема позициите на сите членки на Г-20.

„Конструктивната дискусија и барањето компромиси“ тој го нарекува „брендиран стил на „Г-20“.

Путин истакнува дека Москва го поздравува проширување на кругот на Г-20, која ќе дискутира за „прашања за одржлив развој, климатските промени, спротивставување на тероризмот и корупцијата, здравството, миграцијата и бегалците“.

Путин, исто така, ја истакнува важната улога на Кина и Германија затоа што Г-20 „почна да посветува повеќе внимание на дигиталната економија“.

Г-20 само заеднички може да ги надмине актуелните дисбаланси и да ги реши акутните социјални проблеми, смета Путин.

Како што се вели во статијата, Русија високо ги цени заслугите на Г-20 во регулирањето на банкарскиот сектор и „практичните чекори за спротивставување на ерозијата на даночната основа и одливот на профитот од страна на корпорациите во т.н. „даночни раеви“.

Покрај тоа, Путин го истакнува вниманието на Г-20 кон климатските проблеми. Тој, исто така, изјавува дека Русија останува „еден од лидерите во меѓународниот климатски процес“, укажувајќи кон исполнувањето на своите обврски во рамките на Протоколот од Кјото. Покрај тоа, Москва има намера целосно да придонесува кон спроведувањето на Парискиот договор.

Путин обрнува внимание и на проблемот на миграцијата. Тој истакнува дека, според податоците на ООН, „во 2017, работниците-мигранти ќе префрлат во земјите во развој сума повисока од 500 милијарди долари“, што е три пати повеќе од „официјалната помош за развој, како и од износот на директните странски инвестиции“.

Зборувајќи за решенијата кои можат да го регулираат проблемот со бегалците, Путин објаснува дека тие се базираат на „јакнење на регионалната и глобалната стабилност, растот на економиите на државите кои „генерираат“ невидени реки од бегалци“.

Исто така, рускиот претседател во статијата повикува да не се смета слободата на интернетот со дозвола да се прави сѐ и ги нарекува санкциите скриена форма на протекционизам, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња