„Форбс“: Извини, Меккејн, ама Русија повеќе не е бензинска пумпа

Аналитичарите на една од најголемите инвестициски банки „Голдман Сакс“ сметаат дека Русија се ослободила од зависноста од нафта, пишува колумнистот на „Форбс“ Кенет Рапоза.

Пред три години американскиот сенатор-русофоб Џон Меккејн ја навреди Русија, нарекувајќи ја „бензинска пумпа која се маскира како земја“. Неговите забелешки беа барем делумно точни, смета колумнистот на „Форбс“ Кенет Рапоза. Русија е земја со суровинска економија; нафтата и гасот го составуваат доминантниот дел од националниот буџет. Последните десет години Русија се обидувапе да престане да биде зависна од нафта. Аналитичарите на една од најголемите инвестициски банки „Голдман Сакс“ сметаат дека Русија конечно го направила тоа. „Затоа извинете, сенаторе. Русија е нешто многу повеќе од обична бензинска пумпа“, пишува Рапоза.

Според аналитичарите на „Голдман Сакс“ предводени од Гејдар Мамедов, руската економија брзо станува „самодоволна и помалку зависна од цените нафтата“.

Стремежот на Министерството за Финансии на Русија да ги ограничи државните расходи и да ја зголеми ефикасноста на даночниот систем носи во буџетот повисоки приходи кои не се од нафтата. Ова е со цел да се намали зависноста на држава од цените на нафтата, истакнува авторот.

Во 2014 година Русија мораше да го намали буџетот кога ја процени нафтата на 80 долари, а нејзината вистинска цена беше 60 долари. Истото мораше да го направи и во 2015 година. Кратењата на буџетот влијаеја на расходите за одбрана, како и на посиромашните делови на Русија, која сѐ уште заздравува по колапсот на Советскиот Сојуз и серијата рецесии.

Како што пишува американското издание, буџетските приходи на Русија во првиот квартал забележа раст од 30% годишни, „така што оваа земја нема да се скрши“. Приходите од нафтата и гасот се зголемија за 53%, а приходите кои не се поврзани со енергетските ресурси пораснаа за 15% на годишно ниво. Вреди да се напомене динамиката на приходите кои не се поврзани со енергетските ресурси, кои растат благодарение на домашната побарувачка и борбата против даночната евазија.

Најновите податоци покажуваат дека Русија „полека застанува на нозе“. Според аналитичарите на „Голдман Сакс“, растечката конкурентност на домашните стоки и услуги го стимулира економскиот раст, пишува Рапоза, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња