Трамп ја повика Русија да престане со „поддршката на непријателски режими“

Претседателот на САД Доналд Трамп ја повика Русија да ја прекине „поддршката на непријателските режими“ и да се приклучи на борбата со „заедничките непријатели“.

„Ја повикуваме Русија да ја прекине својата дестабилизирачка активност во Украина и во другите региони, како и својата поддршка на непријателските режими, вклучувајќи ги Сирија и Иран“, изјави Трамп.

Тој исто така ја повика Москва да се придружи на „борбата со заедничките непријатели и за одбрана на самата цивилизација“, пренесува „Взгљад“.

Претходно во четвртокот Трамп, зборувајќи за одговорот на „дестабилизирачкото однесување на Русија“, изјави за потребата од проширување на соработката во Северноатлантската алијанса.  

Москва изјави дека не се согласува со изјавите на Трамп.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња