Тилерсон: Русија и САД можат да постигнат поголем напредок во Сирија

Врз Русија лежи посебна одговорност за обезбедувањето на политичкиот процес во Сирија, изјави шефот на Стејт департментот на САД Рекс Тилерсон.

„Пред да полетам на самитот на Г-20 во Хамбург, би сакал да ја коментирам сегашната тема за ситуацијата во Сирија која претседателот (Трамп) има намера да ја покрене на средбата со рускиот претседател Путин“, изјави Тилерсон.

Според него, „пред сѐ, сите страни во Сирија треба да обезбедат стабилност на терен“, во спротивен случај напредокот во уништувањето на терористичката организација „Исламска држава“ „може да биде загубен“, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, тој изјави дека страните во конфликтот во Сирија треба преку политички процес да дојдат до договор за иднината на земјата.

„На крај, врз Русија лежи посебна одговорност за поддржувањето на тие напори“, изјави Тилерсон.

Тој додаде дека, ако сите учесници во конфликтот во Сирија истапат против терористите, тогаш ИД, на која настаните во Рака ѝ нанесоа „голема штета“, ќе се најде „на прагот на целосен пораз во Сирија“.

„За да ја заврши оваа мисија, меѓународната заедница, а особено Русија, треба да ги отстрани пречките за нанесување пораз на ИД и да помогне да се обезбеди стабилноста која ќе ѝ попречи на ИД да се крене од пепелта на нивниот неуспешен и измамнички калифат“, рече Тилерсон.

Тој исто така изјави и дека врз Русија лежи одговорноста за спречување на примената на хемиско оружје во Сирија.

„САД и Русија веќе постигнаа напредок за создавање на деконфликтни зони во Сирија“, изјави шефот на Стејт департментот, додавајќи дека руските и американските „воени лидери соработуваа едни со други“, без да дозволат инциденти меѓу силите на Русија и САД во Сирија.

„Таму, каде што имаше мали инциденти, тие ги решаваа брзо и мирно“, додаде тој.

Затоа државниот секретар на САД смета дека Москва и Вашингтон можат „да постигнат понатамошен прогрес“.

Вашингтон изрази подготвеност да ја разгледа „можноста за создавање со Русија заеднички механизам“ за зоните за забранети летови во Сирија. Освен тоа, Москва би можеле заеднички да вршат набљудување на примирјето и испорака на хуманитарна помош. Соработката на Русија и САД би можела да послужи како „основа за напредок за решавање на политичката иднина на Сирија“, изјави американскиот државен секретар.

Тилерсон ги повика сите страни во Сирија кои се борат против ИД да избегнуваат конфликти меѓу себе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња