Медиум: Тилерсон подготвен Русија да решава за судбината на Асад

САД ретерираат од принципите на Женевската спогодба, во рамките на која се предвидува оставка на Асад од функцијата претседател на Сирија, пишува „Форин Полиси“.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во текот на приватна средба со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш изјави дека судбината на сирискиот претседател Башар Асад е во рацете на Русија. За ова пишува „Форин Полиси“ повикувајќи се на три дипломатски извори.

Исто така, според информациите на изворите, Тилерсон потенцира дека задачите на САД во Сирија се ограничуваат на борба со терористичката група „Исламска држава“.

Државниот секретар на САД истакна дека воените дејствија на САД последниве месеци се фокусирани само на тактички цели – одвраќање на идни напади со примена на хемиско оружје и заштита на силите на САД кои се борат со ИД во Сирија, а не на ослабување на владините сили на Асад.

Изданието исто така истакнува дека САД ретерираат од принципите на Женевската спогодба, во рамките на која се предвидува оставка на Асад од функцијата претседател на Сирија.

Портпаролот на Стејт департментот одби да го коментира приватниот разговор на Тилерсон со Гутереш, но инсистираше на тоа дека САД остануваат „приврзани на женевскиот процес“, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња