Лимузина за Путин?

Автомобил „Марусја“. Извор: Press Photo.

Автомобил „Марусја“. Извор: Press Photo.

Победникот на натпреварот за лимузина за највисоките руски чиновници сè уште не е одреден. Но, шанса за победа има компанијата „Марусја моторс“, официјалниот партнер на „Формула 1“, соопштија руските медиуми

„Марусја моторс“ сè уште не го добиле договорот кој има голема шанса да победи на натпреварот, им соопшти на новинарите министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. На овој начин тој ја прокоментира информацијата што се појави во „Известија“, во која се вели дека за линијата автомобили од претставителна класа за високопоставените лица во државата е ангажирана компанијата на познатиот руски шоумен и тркач со автомобили Николај Фоменко. 

Претходно министерот Мантуров изјави дека не е исклучено странско учество на определена етапа од реализацијата на проектот, при што би се искористила производствената моќ на претпријатијата за склопување автомобили во Русија. 

На натпреварот се пријавија ГАЗ, ЗИЛ, а исто така и институтот НАМИ (Централен научно-истражувачки автомобилски и автомоторен институт) заедно со компанијата „Марусја“ („Марусја моторс“). 

Marussia Motors, автомобилска компанија која произведува спортски автомобили од марката Marussia, е основана во 2007 година. 

Идејата да се разработи руски автомобил за првите лица на државата беше разгледувана уште во 2010 година, во согласност со барањето што го даде тогашниот претседател Дмитриј Медведев. 

Во април 2012 година на состанок за проблемите на руската автомобилска индустрија претседателот Владимир Путин соопшти дека во скоро време органите на државната и на локалната власт ќе почнат да ја купуваат само онаа техника што е произведена во Русија, Казахстан и во Белорусија.

Лидерите на државите не смеат да се возат во обични автомобили. За нив се произведуваат специјални блиндирани лимузини. 

Со обичните автомобили е едноставно – на територијата на Русија има доволно фабрики на странските автоконцерни, кои го произведуваат она што му е потребно на чиновникот. 

Со претседателскиот транспорт е посложено. Станува збор за тоа дека лидерите на државите не смеат да се возат во обични автомобили. За нив се произведуваат специјални блиндирани лимузини, кои одговараат на сите потребни барања за безбедност и на сите карактеристики за возење. 

Во моментов за превезување на руското раководство се користат автомобилите од марката „Мерцедес“, кои се произведуваат по специјална нарачка во фабрика во Германија. 

Според податоците на дневниот весник „Известија“, расходите за реализација на проектот се оценуваат на 18.4 милијарди рубли (околу 600 милиони долари), од кои 12 милијарди ќе бидат издвоени од федералниот буџет. 

Како што се вели во „Известија“, проектот ќе се реализира заедно со водечките светски системски производители на делови за автомобили. Тие ќе помогнат да се разработи линија на мотори со моќност од 250-450 коњски сили, кои соодветствуваат на еколошката класа „Евро-6“, со оригинална автоматска трансмисија и електронски блокови на управување, а исто така и со систем за целосна контрола и класификација според силата.


Можат да се произведат одделни примероци на ЗИЛ за претседателот, но многу е тешко тоа да претставува конкуренција во светот, а во исто време тоа бара и големи инвестиции.

Владимир Беспалов

аналитичар на „ВТБ Капитал“

Според мислењето на аналитичарот на „ВТБ Капитал“ Владимир Беспалов, во моментов пости голем број автомобили од претставителна класа кои се произведуваат и се склопуваат во Русија, а кои би можеле да бидат дел од претседателската придружба. 

- Разработката на добар автомобил е многу скапа работа. Кај нас, за жал, почнувајќи од советскиот период во делот на производство на лесни возила не се произведува ништо што е конкурентно. Можат да се произведат одделни примероци на ЗИЛ за претседателот, но многу е тешко тоа да претставува конкуренција во светот, а во исто време тоа бара и големи инвестиции, вели Беспалов 

Според материјалите на РИА Новости и Известија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња