МНР на РФ: терористите подготвуваат инсценирани хемиски напади во Сирија

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека терористите во Сирија планираат инсценирани провокации со примена на хемиски материи.

Ова Захарова го изјави во текот на неделниот брифинг.

„Сириските терористички групи планираат инсценирани провокации со примена на хемиски отровни материи за оправдување на нападите на САД врз позициите на сириските владини сили. Акции со голем процент на веројатност ќе бидат извршени на место недостапно за властите на Сирија“, изјави Захарова, пренесува RT.

Покрај тоа, според неа, терристичката група „Исламска држава“ префрлува од Рака во реоните под нејзина контрола во провинцијата Деир ез Зор работилници и опрема за производство на хемиски материи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња