Захарова: „Хемиското шоу“ добива на замав

Уште еден доказ дека стартуваше информативната кампања против Дамаск е соопштението за „примена на отровен гас во Источна Гута“, изјави портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова.

„Парче хартија, напишано според сите канони на работа на западните прес-служби, регистрира почеток на „хемиски напад“ и го осудува“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

„Особено сакам да го истакнам беспрекорниот англиски јазик“, потенцира портпаролот на МНР на Русија.

„Хемиското шоу“ добива на замав“, напиша Захарова.

Претходно Слободната сириска армија објави на „Твитер“ документ во кој се соопштува за наводна примена од страна на владините сили на Сирија токсичен гас на подрачјето на Замалак и Аин Тарм во предградијата на Источна Гута.  

Според информациите на ССА, првиот напад со примена на отровен гас бил извршен од страна на владините сили на 1 јули на подрачјето на Аин Тарм, при што настрадале 31 припадник на Слободната сириска армија.  

Вториот напад со примена на хлор бил извршен наводно на 2 јули на подрачјето на Замалак.

Покрај тоа, ССА објави видео на кое е снимена помошта за настраданите по наводната примена на хемиско оружје на подрачјето на Замалак, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња