Меркел одбива да биде посредник меѓу Путин и Трамп на самитот на Г-20

Канцеларката на Германија Ангела Меркел одбила да биде посредник меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп на нивната средба на самитот на Г-20.

Ова Меркел го изјави во четвртокот во Хамбург, каде течат подготовките за самитот, пренесува „Лента.ру“.

Германската канцеларка додаде дека тоа се однесува и на регулирањето на ситуацијата во Украина. „Ние имаме своја јасна позиција“, потенцираше Меркел. Според неа, „Нормандиската четворка“ (Германија, Русија, Украина и Франција) заедно со САД се обидуваат да најдат заедничко решение.

„Својата задача ја гледам не во посредништво, туку во давањето придонес во решавањето на проблемот и токму таков придонес е „нормандискиот“ формат“, заклучи шефицата на германската влада.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.