Песков раскажа детали за претстојната средба меѓу Путин и Трамп

Според портпаролот на Кремљ, средбата ќе биде ограничена со време и лидерите нема да успеат детално да дискутираат за некои прашања.

Кремљ очекува воспоставување на работен дијалог меѓу Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп во текот на нивната претстојна средба во Хамбург.

 „Тоа е прва средба, прво запознавање на двајцата претседатели. Тоа е главното во таа средба. Очекувањето е да се воспостави работен дијалог кој, веројатно, е кардинално важен за целиот свет на планот на зголемување на ефикасноста за решавање на критичната маса конфликти и проблеми, која расте“, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Тој истакна дека Путин тешко дека ќе успее да дискутира со Трамп за ситуацијата на југоистокот на Украина во врска со ограниченоста на одржувањето на разговорот.

„Се разбира, иако се работи за билатерална средба во полн формат, но поради тоа што таа се одржува на „маргините“ на самитот, таа ќе биде мошне ограничена со време“, истакна Песков.

Песков додаде дека Путин ќе го постави и прашањето за соработка во Сирија и перспективите за регулирање на конфликтот.

Песков додаде дека Кремљ смета дека атмосферата на средбата ќе биде „работна“, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња