Кремљ и Белата куќа потврдија: Средба Путин-Трамп на 7 јули

Билатералната средба на лидерите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи на 7 јули во Хамбург.

Кремљ и Белата куќа преку своите претставници потврдија дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе се одржи во петок, 7 јули, на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург, пренесува RT.

„Средбата меѓу претседателот Трамп и Путин е планирана за петок попладнето, тоа ќе биде нормална билатерална средба“, изјави претставник на Белата куќа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потенцираше дека не станува збор за таканаречена средба „на нога“. „Се планира како целосна „седечка“ средба“, истакна тој, пренесува „Лента.ру“.

Претходно помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков соопшти дека Путин и Трамп ќе се сретнат во Хамбург на самитот на Г-20.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња