МО на РФ: Севернокорејската ракета не претставуваше опасност за Русија

Балистичката ракета што Северна Кореја ја лансираше не претставуваше опасност за Русија, изјави рускиот одбранбен ресор.

Русија го следеше ракетното лансирање во Северна Кореја и добиените податоци сведочат за тоа дека се работи за балистичка ракета со среден дострел, пренесува „Взгљад“.

Од рускиот воен ресор истакнуваат дека лансирањето било извршено во насока од границите на Русија и не претставувало опасност за земјата.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, ракетата се кренала на височина од 535 км и прелетала околу 510 км, паѓајќи во централниот дел на Јапонското море.

Претходно Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека височината на летот на ракетата што ја лансираше Северна Кореја достигнала над 2,5 илјади километри и дека за 40 минути прелетала растојание од 900 километри.

Северна Кореја соопшти за прво успешно лансирање на балистичка ракета и изјави дека е подготвена да нанесе удар врз секоја точка во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња