Русија загрижена поради зачестените ракетни тестирања на Северна Кореја

Москва е длабоко загрижена од зачестените ракетни тестирања на Северна Кореја и таквите чекори ја продлабочуваат ситуацијата во регионот, изјави портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова.

„Внимателно го следиме развојот на ситуацијата на Корејскиот полуостров. Длабока загриженост предизвикуваат ракетните тестирања на Северна Креја, кои во последно време се вршат сѐ почесто: на 28 април, 13, 21 и 29 мај. Убедени сме дека таквите чекори само ја продлабочуваат напрегнатоста во регионот“, изјави Захарова на брифингот за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

Дипломатот исто така ја потврди подготвеноста на РФ „за заедничка работа за решавање на нуклеарниот и другите проблеми на Корејскиот полуостров, истовремено, со загриженост го истакнуваме зголемувањето на военото присуство на САД во Североисточна Азија“.

Последното тестирање се случи во четвртокот наутро, кога Северна Кореја изврши неколку лансирања на противбродски крстосувачки ракети. Претходното тестирање се одржа на 29 мај, кога беше тестирана балистичка ракета со систем за самонаведување за пресретнување на ракети на противникот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња