„Рускиот центар“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје додели сертификати за завршен курс по руски јазик. 4 јули 2017, Скопје, Македонија.
METEOR Digital PhotoВо просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје денес свечено беа врачени сертификати на слушателите кои успешно ја минаа обуката на бесплатниот курс по руски јазик што ги организираше Рускиот центар.
На настанот на курсистите им се обратија ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак и директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски. Во своите обраќања сите тие го изразија своето задоволство од големата заинтересираност и се заложија за понатамошна поддршка во работата на Рускиот центар при УКИМ.
Во вториот турнус Рускиот центар при УКИМ обучи 600 кандидати и тоа како на основно, така и на средно и на напредно рамниште. Во рамките на курсевите, слушателите имаа можност да добијат знаења од домашни, но и од руски предавачи, чиј мајчин јазик е рускиот.
На почетокот на минатата година Рускиот центар при УКИМ објави конкурс за бесплатно изучување на рускиот јазик на кој се пријавија безмалку илјада кандидати, па затоа курсевите беа организирани во турнуси.
Од Рускиот центар при УКИМ информираат дека и следната академска 2017-2018 година ќе се вршат уписи за курсеви по руски јазик и тоа за сите наведени нивоа, а истовремено информираат дека од следната учебна година ќе се организираат и специјални курсеви по руска литература и по теорија и практика на преведувањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче