Рјабков: Засега ја нема потребната динамика во односите со САД

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека не е постигната потребната динамика во односите со САД поради низа фактори.

Односите на Русија и САД за време на администрацијата на Доналд Трамп не се влошија, меѓутоа потребното подобрување засега не е постигнато, изјави во интервјуто за весникот „Известија“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Не би рекол дека односите се најдоа во уште поголема криза отколку што беа во моментот на заминување на администрацијата на Барак Обама. Но, реално, односите се поправаат со голем напор. Сѐ на сѐ, не успеавме да ја постигнеме потребната динамика на подобрување“, констатира Рјабков.

Според него, таквата ситуација е условена од цела низа фактори, од кои дефинирачки е жестоката внатрешнополитичка конфронтација во САД.

„Има многу сериозни и влијателни кругови кои до ден-денес не можат да се помират со победата на Доналд Трамп на изборите и го користат прашањето за односите со Москва за внатрешнополитичка борба“, изјави Рјабков. „Тие се обидуваат да ги ограничат можностите за маневар на новата администрација спрема руската политика и се стремат да создадат потешкотии за администрацијата во внатрешнотополитичкото поле за промовирање на нејзината агенда, која во многу се разликува од претставите на противниците на Трамп за тоа како и накаде треба да се движи Америка“, додаде Рјабков, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња