Си-Ен-Ен соопшти за што ќе разговараат Трамп и Путин во Хамбург

Американската телевизија Си-Ен-Ен ги соопшти темите за разговор на претстојната средба меѓу американскиот и рускиот лидер на самитот на Г-20 во Германија.

Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на средбата со Владимир Путин планира да се фокусира на дискусија за ситуацијата во Сирија и во Украина, соопштува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани претставници на администрацијата на американскиот претседател.

Според информациите на изворите на телевизијата, Трамп сака да ја разгледа со Путин воената ситуација во Сирија и руската поддршка за претседателот Башар Асад. Исто така, американскиот претседател има намера да го постави прашањето за „дејствијата на Русија во Украина“. Сепак, главно прашање на агендата треба да биде Сирија.

Според информациите на телевизијата, прашањето за „вмешаноста“ на Русија во американските избори тешко дека ќе биде поставено, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња