Медиум: Руските ВКС и сириските специјалци ликвидираа водач на ИД во Идлиб

Грчки медиум соопштува дека еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ Лавдрим Мухаџири е ликвидиран во Сирија.

Во Сирија е ликвидиран еден од лидерите на терористичката држава „Исламска држава“, Косовецот Лавдрим Мухаџири, соопштува грчкото издание pronews.gr, не наведувајќи го изворот на информацијата.  

Претходно во медиумите неколку пати се појавуваа соопштенија за неговата ликвидација.

Мухаџири, познат и како Абу Абдула ал Косова, го нарекуваат „касап“ во пропагандните видеа на ИД во кои тој лично обезглавуваше христијани,  шиити и алавити, пишува изданието. Стејт департментот на САД го стави Мухаџири на списокот со терористи во 2014 година.

Во Сирија тој се врати во мај по четиримесечно патување во Албанија и Косово. Според информациите на изданието, терористот е ликвидиран од Воздушно-космичките сили на Русија и сириската специјална единица „Тигар“ во текот на заедничка операција на подрачјето на Идлиб. Исто така се ликвидирани и шест од 20 негови лични телохранители.

„Штом се дозна за неговата смрт, министерот за инфраструктура на косовската псевдодржава Луфти Зарку го посети семејството на водачот на терористите во Качаник и изрази сочувство. Претседателот на исламската верска заедница во Качаник Флорим Незирај изрази желење по повод смртта на „големиот муслимански борец“. Незирај ја соопшти во џамијата веста за смртта на Мухаџири во Сирија, а потоа се упати кон домот на неговото семејство за да изрази сочувство, пишува pronews.gr.

Во февруари беше соопштено дека на Блискиот Исток е убиен соборец на Мухаџири, поранешен имам на исламската заедница на Косово и влијателен член на ИД Ридван Хакифи.

Според информациите на западните медиуми, „балканскиот касап“ Мухаџири порано бил соработник на мисијата на НАТО во Косово.

Како што пишуваше италијанскиот весник Espresso во декември 2016 година повикувајќи се на извори во италијанското разузнавање, џелатот од Качаник е „прекрасно запознаен со непријателот, бидејќи пред да премине во џихадизам успеал да поработи во американската база на КФОР „Бондстил“ (на Косово), а претходно – во НАТО во Авганистан“. Градот Качаник на границата со Македонија стана познат центар за врбување на џихадисти, од каде ИД привлече во своите редови 3,4 илјади лица, пишува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња