Путин: Москва нема да дозволи Русија да стане калифат

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва нема да дозволи земјата да се претвори во калифат.

Ова тој го изјави во интервјуто за американскиот режисер Оливер Стоун кое беше прикажано на каналот „Шоутајм“.

Путин истакна дека ниту една религија во светот не може да биде извор на зло. „И во исламот има многу насоки, текови. Двете главни се шиитите и сунитите. Гледаме дека меѓу нив има длабоки противречности. Мислам дека сепак треба да биде еден ден надминато“, потенцира Путин.

На прашањето на Стоун дали е можно сценарио според кое „Москва ќе биде калифат“, Путин одговори одречно. „Гледајте Вашингтон да не се претвори во калифат“, предупреди рускиот претседател.

Тој му соопшти на режисерот дека приближната бројка на терористи на „Исламскат држава“ е околу 80 илјади души. Притоа, 30 илјади се платеници од 80 земји. Освен тоа, Путин го истакна придонесот на Русија во борбата со таа терористичка организација во Сирија. „Ако нашите пилоти вршат просечно 70-120 напади, тогаш целата меѓународна коалиција на чело со САД  вршат два, три, пет напади за 24 часа“, изјави претседателот на Русија, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња