Горбачов за коренот на проблемите во односите меѓу Русија и САД

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека руско-американските односи биле расипани од фактот што САД прогласиле своја, а не заедничка победа во „студената војна“.

„Не е наша вина тоа што САД наместо констатацијата за заедничка победа над студената војна решија да прогласат „победа во студената војна“. Во тоа е коренот на грешките и неуспесите кои ги поткопаа темелите на новите односи меѓу нашите земји“, се вели во изјавата на Горбачов.

Според неговите зборови, неопходно е „да се направи сѐ што може за надминување на сегашниот опасен ќорсокак“.

„За ова има едно испитано средство – дијалог, заснован на заемно почитување. Тоа не е едноставен пат. Се насобраа многу заемни претензии. Но и пред три децении нашиот дијалог со САД не беше лесен. Тој имаше противници, луѓе кои не му посакуваа добро, кои се обидуваа да нѐ исфрлат од колосек“, истакна поранешниот претседател на СССР.

Тој потенцира дека за нормализација на односите е неопходна политичка волја на раководителите на двете земји, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња