Како што изјави поранешниот претседател на Советскиот Сојуз во интервју за „Билт“, во моментов се создава впечаток дека светот е на прагот на војна, доколку се земе предвид како големите сили се во конфликт со едни со други.
„Односите помеѓу големите сили продолжуваат да се влошуваат. Тоа создава впечаток дека светот се подготвува за војна. Видливи се сите знаци на студената војна“, изјави тој.
Тој, исто така, истакна дека реториката на водечките политичари последниве години станува сѐ повоинствена, а медиумите го користат тоа и ги пренесуваат нивните зборови, што уште повеќе додава масло на огнот.
Уште еден знак на претстојната масовна војна е фактот што во некои региони на светот во тек е активна трка во вооружување, а земјите постојано ги преместуваат своите војници.
„Не толку одамна, војските на НАТО Русија беа мошне далеку едни од други. Сега тие стојат лице в лице“, заклучи тој.
Претходно Горбачов ги повика членките на Советот за Безбедност на ООН да донесат на ниво на шефови на држави резолуција за недопустливоста на нуклеарна војна, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче