Синоптичари: Нема да има лето во Централна Русија

Годинава нема да има лето во Централна Русија, изјави главниот синоптичар во метеоролошкиот центар „Фобос“ Евгениј Тишковец.

Во интервју за RT Тишковец соопшти дека жителите на централните региони на Русија ги очекува „скромно топло“ време.

Експертот додаде дека летото ќе биде „стуткано“, сезоната за капење со температури под 25-30 степени ќе можат да ја отворат „само храбрите“.

Во Московскиот регион во неделата поради ветар, дожд и бура е објавен жолт степен на опасност. Ист степен важи на териториите на Тверската, Владимирската, Рјазанската, Калушката и  Тулската област.

Како резултат на поројниот дожд, кој веќе го нарекоа „старозаветен“, во Москва и областа настрадаа повеќе од 20 лица. Тројца загинаа од удар на гром. За неколку часа паднаа 90% од месечната норма на врнежи, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња