450 летови се одложени, а уште 41 лет е откажан во саботата во Москва, велат податоците од онлајн-таблоата на аеродромите во рускиот главен град.
Според информциите од 06:30 по московско време, на аеродромот Домодедово се одложени 179 летови, притоа два се откажани.
На аеродромот Шереметјево се одложени 270 летови, додека 39 се откажани.
На Внуково, според онлајн-таблото, одложен е еден лет.
Во петокот „Росавиација“ соопшти дека се одложени повеќе од 130 летови поради сложените временски услови.
Претходно управите на Министерството за вонредни состојби на Москва и за Московската област објавија вонредно предупредување за пороен дожд, град и засилен ветер до 19-24 м/с во Московскиот регион.
Синоптичарите исто така предвидуваат неповолни временски услови за викендот, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче