Експертите ги наведоа десетте најевтини нови автомобили кои се продаваат на територијата на Русија. Рејтингот го објавува „Росијскаја газета“.
Рејтингот е составен од автомобили кои можат да се купат во границите на 400000 рубли (околу 6000 евра).
На првото место на листата се наоѓа корејскиот хечбек Lifan Smily, чија основна цена изнесува 369900 рубли (5500 евра). Притоа експертите велат дека цената на ова возило во текот на последните година и половина не е променета.
Трите следни места на списокот се возила на АвтоВАЗ – Lada Granta со цена од 389900 рубли (5800 евра), Lada Priora, со цена од 399 900 рубли (5940 евра) и Lada Granta лифтбек, која може да се набави за 414900 рубли (6200 рубли).
Исто така на листата се најдоа и возила како што се седанот Datsun on-DO, хечбек-возилата Ravon R2 и Lada Kalina, седаните Ravon Nexia, FAW Oley и Brilliance H230. Десеттото место го зазема автомобилот Brilliance H230
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче