Според зборовите на рускиот премиер Дмитриј Медведев, Кол „со право го нарекуваат не само творец на обединета Германија, туку и архитект на обединета Европа, а ако зборуваме директно – на постојниот денеска светски поредок“, пренесува „Взгљад“.
Медведев потсети дека Кол добро знаеше што е војната и „долги години одеше кон тоа Европа никогаш повеќе да не биде поделена – ниту со ровови, ниту со граници, ниту со непријателски идеологии“.
Според Медведев, иако Берлинскиот ѕид одамна е растурен за сувенири, неговите идеолошки остатоци се сѐ уште расфрлени низ светот. „Треба да се признае дека денес поради нашите противречности ние, за жал, сме доволно далеку од сонот за заеднички дом“, истакна рускиот премиер.
Тој исто така истакна дека Русија секогаш беше за Кол сигурен партнер. „Нашите народи особено длабоко ја сфаќаа опасноста од конфронтација и вредност на мирот, тоа им овозможуваше на вчерашните противници заедно да почнат да градат односи, втемелени на заемна почит, рамноправност и доверба“, додаде премиерот на Русија.
Медведев пристигна во саботата во Стразбур за да учествува во церемонијата на збогување со поранешниот федерален канцелар на Германија Хелмут Кол, кој почина на 16 јуни на возраст од 87 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче