Путин: Хелмут Кол одигра клучна улога во прекинот на „студената војна“

Претседателот на Русија Владимир Путин потенцира дека Хелмут Кол одигра клучна улога и во обединувањето на Германија.

Претседателот на Русија Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларката на Германија Ангела Меркел по повод смртта на поранешниот канцелар на Германија Хелмут Кол, соопштува прес-службата на Кремљ.

Претседателот на Русија потенцира дека со името на Хелмут Кол се поврзани најважните настани од современата германска историја. Како сојузен канцелар долги години, Хелмут Кол одигра клучна улога во прекинот на „студената војна“ и обединувањето на Германија, истакна Путин.

„Имав среќа лично да разговарам со Хелмут Кол. Искрено му се восхитував на мудроста, способноста да донесува урамнотежени, далековиди одлуки дури и во најсложените ситуации. Во Русија ќе се сеќаваат на него како на принципиелен приврзаник на развојот на пријателските односи меѓу нашите земји кој даде огромен придонес во зајакнувањето на заемно корисното билатерално партнерство и добрососедство“, се вели, конкретно, во телеграмата.

Претседателот на Русија им изјави искрено сочувство и поддршка на роднините и пријателите на покојниот, владата и на целиот народ на Германија, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња