Генерал на САД: Русија почитува само сила

Командантот на копнените сили на САД во Европа генерал-полковник Бен Хоџис смета дека НАТО треба да покаже сплотеност, затоа што Русија почитува само сила.

Во својата изјава за Си-Ен-Ен, командантот на копнените сили на САД во Европа генерал-полковник Бен Хоџис зборуваше за веројатноста од руска интервенција во Европа.  

„Најдобриот начин да се направи веројатноста од таков настан да остане крајно мала е да се демонстрира силата на нашата голема алијанса, најуспешната алијанса во целата светска историја, како и да се држиме заедно. Сега во НАТО има веќе 29 земји. И мислам дека сме силни благодарение на сплотеноста на НАТО и обврските на САД за заштита на Европа. Ние и понатаму ќе правиме сѐ веројатноста за напад од страна на Русија да остане незначителна.

Сепак, ми се чини дека ако ја погледнеме историјата на Русија последниве три или четири века, тогаш ќе се види дека тие почитуваат само сила. И ако се чини дека сме ослабеле, а алијансата не е монолитна, или пак им се стор дека немаме решителност, тогаш мислам дека веројатноста од некаква агресија, се разбира, ќе порасне.

Не мислам дека сѐ може да почне онака како што си замислувавме во 70-те или 80-тегодини, кога бев многу млад офицер кој служеше во Германија. Тоа (интервенцијата) ќе вклучува во себе сајбер-напади, таканаречени мали зелени човечиња, други форми на притисок и заплашување, примена на неверодостојни информации, економски притисок – сите оние методи кои им нанесуваат штета на западните земји“, заклучи Хоџис, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња