Генерал Хоџис: Русија постојано нѐ начекува неподготвени

Командантот на американските сили во Европа генерал Бен Хоџис смета дека Русија во последниве 15 години постојано ги изненадува САД.

Командантот на американската војска во Европа генерал Бен Хоџис во интервју за „Сандеј Тајмс“ изјави дека воените и политичките лидери на САД систематски грешат кога ги проценуваат намерите на Русија на меѓународна сцена.

Според него, САД имале „премногу оптимистички“ однос спрема Русија.

„Мислам дека имавме премногу оптимистички став. Можно е погрешно да сме сфатиле некои работи, но работата е и во тоа што последниве 15 години бевме фокусирани на Ирак и Авганистан“, изјави тој. „Не го држевме чекорот“.

Од негова гледна точка, САД во свое време постапиле избрзано кога од Европа повлекоа десетици илјади војници и бројно вооружување.

Хоџис истакнува дека бил затечен од „секој воен потегшто го презеде Русија“. За такви воени потези тој ги смета „инвазијата во Грузија, Источна Украина и на Крим”, како и операцијата во Сирија.

Со „инвазијата во Грузија“ Хоџис мисли на конфликтот во Јужна Осетија 2008 година, кој се заостри откако главниот град на Јужна Осетија, градот Цхинвал, беше масовно гранатиран од грузиска страна. Загинаа голем број цивили. Потоа Русија почна операција за воведување мир и испрати во Јужна Осетија дополнителен воен контингент.

Хоџис исто така изјави дека не исклучува можност од руска инвазија врз една од балтичките земји.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња