Мешков и Димитров се сретнаа во Дубровник

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков и шефот на македонската дипломатија имаа средба во Дубровник.

На 30 јуни „на маргините“ на Форумот „Дубровник 2017“ заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Алексеј Мешков се сретна со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров.

„Во текот на разговорот беше потенцирана заемната заинтересираност за продолжување на конструктивната соработка меѓу двете земји во сите правци од заемен интерес.

Се одржа детална размена на мислења за регионалната проблематика.

Потврдена е посветеноста на Руската Федерација на ставот за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и на недопустливоста на надворешно мешање во внатрешните политички процеси во оваа држава“, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња