Лукашевич: Русија внимателно го следи развојот на настаните во Македонија

Русија се надева на најскора обнова на стабилноста во Македонија, изјави постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ Александар Лукашевич.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОБСЕ Александар Лукашевич во четвртокот се осврна на формирањето на новата влада во Република Македонија.

„Продолжуваме внимателно да го следиме развојот на настаните во Македонија. Во текот на острата политичка криза која трае повеќе од две години во Македонија, ние континуирано се залагавме за нејзино регулирање од страна на самите Македонци врз основа на Уставот и демократските принципи. Убедени сме во погубноста на секакво надворешно мешање во внатрешните работи на државата, особено на таква сложена од етничко-верска гледна точка, каква што е Македонија.

Му посакуваме на македонскиот народ најскора обнова на стабилноста и решавање на насобраните противречности врз основа на државотворниот меѓуетнички модел, утврден со Охридскиот рамковен договор. Тоа заслужува внимателен однос на политичките сили во земјата и јасна поддршка од меѓународната заедница.

Во овој контекст, предизвикува искрено жалење што никој од западните колеги не најде сили да ја осуди фамозната „Тиранска платформа“, која носи директна закана за единството и суверенитетот на Македонија“, се вели во обраќањето на Лукашевич.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња