„Хуриет Дејли Њуз“: рускиот туристички бум се врати во Турција

Благодарение на нормализацијата на билатералните односи меѓу Москва и Анкара, во мај оваа година Турција ја посетиле 608 илјади Руси - за 1,4% повеќе во однос на истиот месец минатата година, соопштува „Хуриет Дејли Њуз“.

Бројот на руски туристи кои ја посетуваат Турција се зголеми за 1,4% во мај во споредба со истиот месец минатата година, што доведе до зголемување на вкупниот број на странски туристи, соопштува „Хуриет Дејли Њуз“ повикувајќи се официјалните податоци објавени на 29 јуни.

Според податоците на Министерството за туризам на Турција, благодарение на нормализацијата на билатералните односи меѓу Москва и Анкара, Турција во мај ја посетиле 608 илјади Руси.

Сепак, бројот на туристи од Европа во мај оваа година е намален за 20% во споредба со минатата година, истакнува турското издание.

Во мај бројот на руски туристи во Турција изнесувал 21% од вкупниот број на посетители. Нивото на исполнетост на хотелите во Турција, исто така, се зголемило за 60%, меѓутоа приходите од хотелски услуги се намалиле, затоа што просечната цена на собите се намалила за 23%.

Во мај нивото на исполнетост на хотелите во Истанбул се зголемило за 15,7%, но хотели во градот останаа најевтини во Европа, пишува турското издание, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња