„Отсега руските туристи во Турција ќе добијат можност да ги вршат сите неопходни операции во банките, на банкоматите и да имаат работа со персонал кој ќе прима руски рубли како начин на плаќање“, изјави Атеш, пренесува РИА „Новости“.
Тој потенцираше дека односите меѓу руските и турските банки придонесуваат за развојот на партнерството на двете земји.
„Ние им нудиме на руските туристи разновиден туристички сервис и услуги. Ѝ благодариме на „Сбербанк“ за тоа што не зема никаква провизија при плаќањето и паричните трансакции“, истакна Атеш.
Според него, некои туроператори и хотели се веќе подготвени да им пружат на руските туристи услуги кои ќе се плаќаат не во лири, туку во рубли.
„Руските туристи ќе се чувствуваат во Турција како дома, ќе имаат можност да зборуваат на мајчиниот јазик и да ги плаќаат услугите со националната валута. На тоа ќе му ги додадеме топлото море, прекрасните плажи и убавата екологија и природата“, резимираше генералниот директор на „Денизбанк“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче