Путин: Странските специјални служби ги интензивираа активностите против РФ

Специјалните служби на повеќе држави грижливо ги штитат, а понекогаш и директно ги поддржуваат терористите за дестабилизација на регионите до руските граници, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во седиштето н Службата за надворешно разузнавање на Русија.

Таквите дејствија, според Путин, се преземаат со цел да се одврати развојот на Русија, „да се наметне конфронтација“, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, шефот на руската држава изјави дека странските специјални служби прават обиди да се вмешаат во внатрешнополитичките и општествените процеси во Русија.

„Во целина, очигледна е растечката активност на странските специјални служби, насочена против Русија и нашите сојузници“, изјави рускиот претседател.

Агентите на странските разузнавачки служби применуваат нови пристапи за прибирање и откривање на информации, вршат сајбер-напади, врбуваат нови агенти, стремејќи се да дознаат податоци за воениот, економскиот и ресурсниот потенцијал на Русија, изјави Путин.

Путин вети дека потенцијалот на разузнавањето, неговите технички и оперативни капацитети ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат.

Според него, не сите земји можат да се пофалат со „таков моќен, таков посебен инструмент како што е нелегалното разузнавање“.

Рускиот претседател во средата го посети седиштето на Службата за надворешно разузнавање на Русија во Москва по повод 95-годишнината од нелегалното разузнавање.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња