Министерот за одбрана на Обединетото Кралство Мајкл Фелон одлучи да се пошегува со Кремљ поради стравувањата дека Русија може да го следи носачот на авиони „Кралица Елизабета“. Според него, Москва „ќе чувствува завист“ гледајќи го овој нов предводник на британската морнарица, пишува „Дејли Телеграф“.
Наскоро „Кралица Елизабета“ треба да замине на своето прво патување по Северното море. Британската команда се сомнева дека таму новиот брод ќе биде „шпиониран“ од страна на руските авиони, бродови и подморници.
„Всушност, тоа е вообичаена пракса за Русите - да се прибираат информации за нашите бродови. Ние ќе ги преземеме сите мерки на претпазливост за да не им дозволиме да се приближат премногу блиску. Но, мислам дека тие (на носачот на авиони) ќе му се восхитуваат“, рече Фелон.
Тој додаде: „Вие гледавте како пред неколку месеци стариот „Кузнецов“ се одржа помина низ Ла Манш. Според мене, Русите ќе го гледаат нашиот брод со мала завист“.
Весникот потсетува дека изградениот уште во советско време „Адмирал Кузнецов“ помина покрај бреговите на Велика Британија за да се приклучи на руската кампања против сириските бунтовници во Алепо. Долги години носачот на авиони го следат технички проблеми, затоа „во случај на дефект“ секогаш е придружуван од реморкер, пренесува ИноТВ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче