Информативната кампања на Вашингтон за тоа дека Дамаск наводно подготвува напад со хемиско оружје претставува увертира за интервенција во Сирија, изјави Марија Захарова, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Во април 2017 година по наводниот инцидент со примена на хемиско оружје во сирискиот град Хан Шејхун, сегашната администрација на САД не стори ништо неочекувано, туку ја истресе прашината од сценариото од 2013 година (за интервенција во Сирија) и почна напад врз суверена држава“, изјави Захарова.
Според неа, „сегашната информативна кампања е увертира за нова интервенција во Сирија“, пренесува „Взгљад”.
Захарова исто така истакна дека провокативните изјави на САД за тоа дека Дамаск подготвува „хемиски напад” се насочени не само против Сирија, туку и против Русија.
„Запознаени сме со тие изјави кои официјалните претставници во Вашингтон одбиваат да ги поткрепат со какви било факти. И не знаеме врз основа на кои податоци се изведени тие заклучоци“, изјави таа.
Захарова исто така соопшти дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на 5 јули разговара со генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абу ел Гејта, кој ќе престојува во работна посета на Москва од 4 до 6 јули.
Лавров во средата изјави дека Москва достојно и адекватно ќе одговори на провокациите на САД насочени против Дамаск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче