Захарова: Од минатото знаеме дека САД фалсификуваа факти

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ја коментираше изјавата на портпаролот на Стејт департментот на САД Хедер Науерт дека Вашингтон не планира да ѝ ја презентира на светската јавност информацијата која ги потврдува заклучоците на американската страна дека властите на Сирија подготвуваат „хемиски напад“.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Хедер Науерт истакна дека властите на САД нема да веруваат на изјавите дека не се подготвува напад со хемиско оружје од страна на официјален Дамаск.

„Од минатото ние (властите на САД) знаеме дека режимот на Асад применуваше хемиско оружје против сопствениот народ. Тоа предизвикува кај нас сериозна загриженост“, изјави Науерт.

Захарова ја коментираше изјавата на Науерт на својата страница „Фејсбук“.

„Од минатото ние (сите) знаеме дека режимот на Буш веќе примени фалсификување на фактите за присуство на ОМУ (оружје за масовно уништување) во Ирак против сопствениот народ за реализација на воена агресија врз таа земја. Тоа предизвикува кај нас сериозна загриженост“, истакна портпаролот на МНР на Русија.

Претходно портпаролот на Стејт департментот Науерт изјави дека САД нема да презентираат докази за подготовката на Сирија за нов хемиски напад.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов истакна дека изјавите на Вашингтон дека Дамаск наводно подготвува хемиски напад ги усложнуваат преговорите за Сирија, пренесува RT

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња