Извештај:Русија и Кина се стремат да го ослабат влијанието на САД во светот

Разузнавањето на Министерството за одбрана на САД го објави извештајот „Воената моќ на Русија“, во кој се зборува дека Русија и Кина се стремат да го ослабат влијанието на САД во светот.

„Москва и Пекинг имаат заеднички интерес да го ослабат глобалното влијание на САД и активно соработуваат по тој повод. Воената соработка меѓу земјите бавно се проширува, како и економските врски“, се вели во извештајот, пренесува RT.

Како што се истакнува во документот, Русија е загрижена поради тоа што Москва може да стане „помалиот партнер“ на Пекинг.

„Другите продолжуваат да се сомневаат дека Кина во долгорочна перспектива одеднаш повторно ќе стане воена закана за Русија“, се истакнува во документот.

Претходно шефот на управата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД генерал-полковник Винсент Стјуарт соопшти дека во наредниве десет години Русија „може да ги прошири своите капацитети“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња