„Гардијан“: Трамп се подготвува да тргува со Путин на нивната прва средба

Претседателот на САД Доналд Трамп му наложи на Советот за национална безбедност на Белата куќа да состави листа на можни отстапки кои тој би можел да ги понуди во својство на „монета за раскусурување“ на средбата со Владимир Путин, пренесува „Гардијан“. Оваа средба, веројатно, ќе се одржи следната недела во Германија за време на самитот на Г-20, меѓутоа засега е нејасно што американскиот лидер има намера да побара од претседателот на Русија во замена, се вели во статијата

Претседателот на САД Доналд Трамп им наложи на неговите помошници во Белата куќа да изработат можни отстапки кои тој би можел да ги понуди како „монета за раскусурување“ во текот на планираната за наредната недела средба со Владимир Путин, соопштува „Гардијан“ повикувајќи се на двајца поранешни функционери запознаени со текот на подготовките.

На членовите на Советот за национална безбедност на САД им е наложено да изработат за првата средба на двајцата лидери можни теми за тргување, вклучувајќи го и враќањето на двата дипломатски објекта чие напуштање на Русите им го нареди уште администрацијата на Обама како одговор на „мешањето на Москва во изборите 2016 година“. Сепак, засега не е јасно што ќе биде побарано за возврат од Путин, се истакнува во статијата.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Мајкл Ентон, говорејќи за ова соопштение, потенцираше дека засега не е постигнат никаков договор за средбата меѓу двајцата лидери. Сепак, тој не даде коментар на прашањето до членовите на советот што е можно на оваа средба да му се понуди на рускиот лидер како монета за раскусурување, пишува „Гардијан“.

Совет за национална безбедност и Стејт департментот на САД силно се противат на еднострани отстапки спрема Москва заради подобрување на руско-американските односи. Покрај тоа, во администрацијата на Трамп има и такви кои се противат на намерите на американскиот лидер да одржи официјална средба со Владимир Путин за време на самитот на Г-20 во Германија.

Некои официјални лица инсистираат на тоа дека наведената средба треба да биде ограничена на краток и неформален разговор на маргините на самитот на Г-20 кој почнува во петок во Хамбург. Ова се должи на фактот дека против Трамп во моментов се вршат многустрана истрага по повод можните врски на неговиот предизборен штаб со Москва, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња