И покрај препораките Трамп сака да се сретне со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп настојува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во текот на самитот на Г-20 во Хамбург, иако многумина советници од неговата администрација се противат на ваквата одлука.

Претседателот на САД Доналд Трамп има намера да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин со почитување на сите дипломатски формалности, без оглед на загриженоста на низа претставници на неговата администрација, соопштува Асошиејтед Прес, повикувајќи се на американски официјални лица.

Според изворите на агенцијата, во администрацијата на Трамп постојат големи несогласувања во врска со тоа каков приод кон Москва треба да се избере во екот на истрагата „за врските со Русија“ што е во тек во САД. Притоа изворите сметаат дека можната средба на Путин и Трамп само ги зголемува несогласувањата.

Сепак, Трамп настојува на билатерална средба со Путин со придржување кон сите формалности, без оглед на повиците за воздржаност од страна на официјалните лица на САД.

Минатата недела, администрацијата на САД не ја исклучи можноста претседателите на Русија и на САД да се сретнат на маргините на претстојниот самит на Г-20 во Хамбург.

На почетокот на јуни од Кремљ соопштија дека Путин и Трамп можат да се сретнат во Хамбург на средбата на „Големата дваесетка“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња